Голманот на Малага во изолација, одвоен од семејството не се откажува од постот: „Само за мама да ме види“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За разлика од претходните сезони, многу фудбалери од вероисповед нема да го поминат овој Рамазан на терените или во тренинг-камп оваа година.

Како резултат на пандемијата, фудбалерите се „осудени“ да тренираат во домот и да останат во изолација. Меѓу нив е и голманот на шпанската Малага, Мунир Моханд Мохамеди.

Мохамед е сам во изолација, далеку од семејството. Како што вели, воопшто не е лесно, но тој не се откажува од постот и верските обреди.

Овој 31-годишник ги прилагодил тренинзите во 19 часот за време на Рамазан, така што кога ќе го заврши тренингот може да започне да јаде и да пие вода.

“Кога започна Рамазан, повеќе сум активен во текот на ноќта. Така ја поставив мојата дневна рутина. Утрото, не можам да одам на стадион да тренирам па затоа се одморам”.

“Во овие околности, јадете многу работи со очите. Сепак, Рамазан не е нешто тешко, верата ве тера да постелите”, рече Мохамеди.

“Многу ми е потешко што немам тренинзи од Рамазанските пости. Сакам да стапнам на тревата, да облечам ракавици, да ја допрам топката и да уживам во тоа”, додаде искусниот чувар на мрежата, чиј ѕид е најдобриот “праијтел” за тренирање за време на изолацијата.

“Јас ја чистам куќата, кујната … станав професионалец за чистење. Кога ќе завршам готвење, тоа е како да правам за 20 луѓе. Само мајка ми да ме види”, рече Мохамеди.

Иако е роден во Шпанија, Мохамед брани за Мароко од 2015. година.