Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Репрезентацијата на Македонија комплетна ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против Албанија на 5-ти септември во Скадар.
Најдобриот фудбалер, Горан Пандев изјави дека заедништвото, оптимизмот и одлучноста води кон подобри резултати.
„Со нетрпение го очекуваме почетокот на новиот квалификациски циклус и натпреварот со Албанија. Наша цел ќе биде да го подобриме рејтингот на македонскиот фудбал и мислам дека сме подготвени да го направиме тоа во пресметките кои ни следуваат. Оптимизмот ни е потребен, заедништвото, одлучноста и квалитетот треба да не водат до успех. Групата е тешка, секој натпревар е посебен предизвик, но верувам во играчите и стручниот штаб. Мораме да се обидеме да направиме нешто значајно“, изјави Пандев.
„Сите овие играчи во составот живеат за Македонија и тоа ќе го покажеме на терен.
Ќе биде тежок натпревар, се е можно…можеби ќе победиме, можеби ќе загубиме, но ќе се бориме на вистински начин“, додаде Пандев.