Готово: Челси доведе фанстастичен француски репрезентативец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француските медиуми само што ни откријаа важна информација кога е трансфер рокот во прашање.

Имено, Реал Мадрид остана без големо засилување, поради тоа што играчот на Лестер Н`Голо Канте потпиша договор со Челси.

Од Лестер најавуваа дека ќе продадат само еден од важните играчи од шампионскиот тим, а како што Ријад Марез и Џејми Варди останаа на Кинг Пауер стадионот, беше логично дека Канте ќе го напушти клубот.

Така Лисиците ќе заработат голема сума на пари, бидејќи од Челси добиле околу 35 милиони фунти за овој фудбалер на средината на теренот. Репрезентативецот на Франција долго беше желба на Реал Мадрид, но и Арсенал, но на крајот ја избра сината страна на Лондон.

Останува уште и англиските медиуми да ја потврдат оваа информација, иако највлијателниот спортски медиум Скај Спортс, преку својот агент, веќе објави и детали од неговиот договор со Стенфорд Бриџ.