Готово е – Игуаин нов фудбалер на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин е нов фудбалер на Јувентус.

Скај Италија потврди дека Игуаин потпиша за Јуве.

Игуаин потпиша 4-годишен договор со шампионот на Италија вреден 7.5 милиони евра по сезона.

Јувентус за трансферот на Аргентинецот ќе плати рекордни 90 милиони евра што е најголем трансфер после трансферите на Кристијано Роналдо и Герет Бејл.

Единствено е што Јувентус ќе го плати овој трансфер на две рати, по 45 милиони евра.