Готово : ПСЖ во понеделник добива одлично засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ во понеделник ќе го претстави своето ново засилување, Хесе Родригез, пренесува францускиот Л`Екип.

Трансферот е веќе договорен, а Хесе наводно веќе ги помина и лекарските прегледи во францускиот клуб и треба во понеделник да биде претставен.

ПСЖ се договори на Реал да им уплати 25 милиони евра за трансфер на овој напаѓач, а Хесе треба да потпише договор на пет години.

Да потсетиме дека Хесе во минатите сезони имаше големи проблеми со повредите, но и кога беше здрав ретко добиваше шанса во првиот тим на Реал покрај Бензема.

Многумина сметаат дека ситуацијата по него нема да биде многу подобра ниту во ПСЖ, но останува на нас да видиме.