Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гризман премина во Каталонскиот клуб за 120 милиони евра и од него Барселона има големи очекувања во наредните сезони.
Французинот веќе добро се вклопи во тимот, бидејќи играчите на Барса го дочекаа со раширени раце.
На денешната прес коференција пред пријателските натпреваро в Јапонија напаѓачот изјави дека едноставно направи се што може со цел да дојде во Барселона.
„Направив се што можам да заминам од Атлетико и да дојдам овде. Сакам што побрзо да заиграм. Утре би требало да ги одиграм првите минути во дресот на Барса и едвај чекам да уживан на теренот со своите соиграчи. Среќен сум што сум тука. На првиот тренинг ми беше тешко, бидејќи два пати ,ми ја протнаа топката помеѓу нозе, но сега се прилагодив“, низ смеа прокоментира Гризман.
На припремите на Барса на почетокот од август ќе се приклучат Луис Суарез и Лионел Меси кои добија продолжен одмор поради настапите на Копа Америка. Гризман призна дека Суарез му пратил порака, а дека со Меси сеуште не искомуницирал.
„Луис Суарез веќе ми прати порака за добредојде и со него кратко разговарав. Со Меси сеуште не сум исконтактирал“, додаде Гризман.