Гулит ја враќа Холандија на старите патишта


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот холандиски фудбалер Руд Гулит ќе го замени Дик Адвокат како помошник на клупата на Холандија.

Гулит е избран во тимот на тренерот Дани Блинд бидејќи Адвокат се откажа од таа функција и се врати на клубскиот фудбал, како шеф на клупата на Фенербахче.

Зад себе има одредено тренерско искуство водејќи ги Челси, Њукасл, Фенорд, Лос Анџелес Галакси и рускиот Терек но пет години е без ангажман.

„Блинд ме праша дали сакам да бидам во неговиот тим, ми рече дека има чувство дека ќе сум од голема помош. Добив слободна улога да ги пренесам моите идеи“- рече Гулит.