Гвардиола е сигурен дека Давид Силва нема да биде спремен за Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во недела се игра големото дерби во Англија помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити во рамките на 12. коло на англиската Премиер Лига.

Ливерпул и Сити и оваа сезона ќе се борат за титулата на шампион во Англија која моментално ја поседува клубот од Етихад. Редсите моментално имаат шест бодови повеќе од наредниот противник и со сигурност на Анфилд им е во план да дојдат до победа за да може да го осигураат првото место.

Сити за викендот со големи маки успеа да го совлада Саутемптон после пресвртот на самиот крај од натпреварот. Но, јасно е дека ова дерби ќе биде многу поразлично, а со сигурност може да очекуваме уште еден спектакуларен натпревар.

Проблемот за Пеп ќе биде тоа што не може да смета на Давид Силва кој поради повреда ќе го пропушти натпреварот. Во Сити сеуште не знаат за каква повреда станува збор, но шпанскиот стручњак е сигурен дека Силва нема да заигра на Анфилд.

„Сеуште немам разговарано со докторот, но кога имаш проблем со мускулите и не можеш да играш тогаш сигурно нешто не е во ред. Кога се работи за повреда на мускулите се паузира околу десет денови што значи дека Силва нема да биде спремен да заигра. На полувремето на натпреварот против Саутемптон ми кажа што го мачи и во истиот момент знаев дека тој нема да може да игра на натпреварот на Анфилд“, рече Гардиола.