Гвардиола краде големо засилување на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Манчестер Јунајтед веќе некое време преговара со Спортинг околу трансфер на Бруно Фернандес, сега во целата ситуација се вмеша и нивниот градски ривал.

Имено, Гвардиола не крие дека е голем обожавател на стилот на игра на Фернандес и спремен е да го доведе во Сити.

Наводно Сити веќе тргна во „потера“ за Фернандес и веќе оваа недела се одржани преговори со челниците на Спортинг.

Сепак, не е познато каков е конечниот исход од преговорите, но кога се во прашање Сити и Гвардиола знаеме дека тие се многу добри во трансфери.

Освен Фернандес, тренерот на Сити наводно тргнал и по Дани Алвес, кој е слободен играч, а Гвардиола сака повторно да соработува со него.

Останува да видиме дали ќе успее Сити да ги доведе овие двајца играли, посебно ако знаеме дека Алвес изразил желба за враќање во Барселона.