Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Манчестер Сити дефинитивно ќе го обележи јануарскиот преоден рок.
Како што е откриено, Омар Мармуш ќе биде третото засилување оваа зима, бидејќи само детали го делат од заминување од Ајнтрахт на „Етихад“.
Флоријан Плетенберг откри дека Сити нуди 70 милиони, Ајнтрахт бара 80, така што е извесно дека „граѓаните“ ќе понудат дополнителни бонуси за да го склопат договорот во наредните 48 часа.
Сити ќе му плати и на Ланс 40 милиони евра за Хусанов, а исто толку и на Палмеирас за Реис. Пеп така ќе добие млади стопери од 19 и 20 години, а очекувајте дека Бразилецот ќе се обиде да го увежба и како десен бек или десен стопер во формација со тројца централни бекови.
Кога се ќе се собере, Сити за оваа тројка ќе плати околу 150 милиони евра, а таа сума може и да се зголеми за некој милион во случај на бонуси во склоп на трансферот на Мармуш.