Хабиб ја откри локацијата на следниот меч: 80 посто сум сигурен дека ќе се борам овде


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првакот во полесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ја откри локацијата на својата наредна борба.

После фантастичната претстава и победа против Дастин Поириера на УФЦ 242 настанот во Абу Даби, Хабиб сега има само една желба – борба во Русија.

Дагестанецот во интервју за руските медиуми беше јасен во своите побарувања од УФЦ и истакна дека борба во Русија е неговата најголема желба.

„Во преговори сум со УФЦ. Би сакал да се борам во Русија и 80 посто сум сигурен дека мојот следен меч ќе биде овде“, рече Хабиб.

Наредниот противник најверојатно ќе биде Тони Фергусон, а Хабиб против него посакува борба на стадион.

„Во Санкт Петерсбург постои покриен стадион и за разлика од Москва таму би можеле да се бориме. Тој стадион собира 75.000 гледачи и се помалку од тоа не би имало смисол“, препорача Хабиб.