Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, упати искрена самокритика по последниот пораз на тимот од Астон Вила, што дополнително ја продлабочи кризата во редовите на актуелниот шампион.
Сити моментално минува низ една од најтешките фази под водство на Пеп Гвардиола, со три последователни порази во сите натпреварувања и само една победа во последните 12 натпревари. Овој пад во формата не го заобиколи ниту Халанд, кој, без поддршката на Родри и Кевин де Брујне, очигледно се бори да го одржи своето високо ниво на ефикасност.
Во последните три натпревари, норвешкиот голгетер е далеку од својата најдобра форма. Неговата статистика е разочарувачка: само 19 додавања, без голови, асистенции, дриблинзи, клучни додавања, центаршутови или удари.
.Erling Haaland in his last 3 FULL GAMES vs Juventus, Manchester United & Aston Villa COMBINED:
— TheEuropeanLad (@TheEuropeanLad) December 21, 2024
• 19 passes
• 0 goals
• 0 assists
• 0 dribbles completed
• 0 key passes
• 0 shots on target
• 0 shots blocked
• 0 shots
• 0 long balls
• 0 crosses
• 0 interceptions pic.twitter.com/51jPV9Bp3l