Хамилтон ја сомели конкуренцијата во Австрија

Британскиот возач во Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата на денешните квалификации за ГН на Австрија.

Хамилтон најдобриот круг го извозе со време 1.07.922, а зад себе го остави клупскиот колега Нико Розберг.

Изненадување е што третото место му припадна на Хулкенберг, четврт беше Фетел, а пети Батон.

Утрешната трка почнува од 14:00 часот.