Херера: Кога играте против Меси, не можете да направите ништо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид во дербито на свој терен беше поразен од Барселона со резултат од 1:0.

Тимот на Диего Симеоне одлично играше во првото полувреме и имаше неколку одлични прилики да стигне до водство, но тие не беа искористени.

Казната за тоа стигна пред крајот на натпреварот кога Лионел Меси погоди во 86. минута за победа над каталонскиот тим.

Играчот на Атлетико, Хектор Херера после натпреварот истакна дека едноставно ништо не може да се направи кога се игра против Лионел Меси.

„Многу време бевме протагонисти и игравме добар натпревар. Освен резултатот, направивме и позитивни работи. Среќен сум што играм повеќе и уживам во поголемата доверба од страна на менаџерот“, рече Херера и продолжи:

„Но, попрво би победил отколку да играм повеќе минути. Ние сме тим и најважно од се е тимот да работи добро“.

„Створивме многу шанси за постигнување погодок, но знаеме каква сила има Барселона и тие ги имаат најдобрите на светот“.

„На Меси не смеете да му дадете ниту еден сантиметар бидејќи тоа тој го користи и тогаш постигнува погодоци. Натпреварот беше многу избалансиран и кога имате играч од таква важност, не можете ништо да направите“.