Херој на денот: Медалот од ОИ го продаде за лекување на дете!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Го добивме и херојот на денот, кога во прашање е спортот.

Полскиот фрлач на диск, Пиотр Малашовски го продаде својот сребрен медал кој го доби на ОИ во Рио, а парите ги поклони на дете кое му беа итно потребни пари за лекување.

Малашовски организираше аукција која требаше да трае три дена, но таа беше стопирана кога дојде до сума од 19.000 евра, бидејќи толку пари беа потребни за лекување.

Освен тоа, изјавата ги натера сите кои беа на аукцијата да пуштат по некоја солза.

„Мојот медал сега вреди многу повеќе одколку пред недела дена. Тој сега вреди живот“ – вели Малашовски