Херојот на Симеоне го продаде дресот со кој го освои „Енфилд“!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И „црвените“ ќе го ценат овој потег.

Пред паузата на фудбалска Европа имавме еден од класиците на Лигата на шампионите.

Ливерпул беа домаќини на Атлетико Мадрид во реванш мечот од Лига на шампионите, но дури и магијата на Енфилд не им помогна на момчињата Клоп да се вратат резултатски.

Херој беше Маркос Љоренте, кој со два гола за дополнителното време го водеше шпанскиот клуб во четврт-финалето на елитното натпреварување.

Деновиве, играчот од средниот ред го донираше својот дрес на „Енфилд“ за да помогне во борбата против вирусот Корона. Неговиот дрес беше купен за сума од 8,100 евра.

Убав потег на воинот на Чоло.