Хет-трикот пресуди, Вест Хем дефинитивно без Бака

Милан одби нова понуда од Вест рем за напаѓачот Карлос Бака.

Со недели се зборува за заминувањето на Карлос Бака од Милан, но неговиот хет-трик во победата над Торино на стартот на сезоната стави точка на таа приказна.

Англиските медиуми тврдат дека до почетокот на летото Бака одби понуда од Лондон, а после новиот обид на Славен Билиќ “не“ рече и Милан.

Бака пред година дена стигна меѓу „Росонерите“ за 30 милиони евра од Севиља и постигна 19 голови.

Милан нема да игра во Европа во оваа сезона, што беше главна причина за шпекулациите за за заминување на Бака.