Хрватски голман е хит во Италија: Одбрани четири пенали (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


По 120 минути игра меѓу Пиза и Чезена на семафорот остана 0-0, што значеше дека ќе се решава на пенали. Тука блескаше Адриан Шемпер, кого италијанските медиуми го прогласија за вистинскиот бисер на клубот.

Пиза ја прескокна првата препрека во италијанскиот Куп, совладувајќи го тимот од втората италијанска лига, Чезена. Натпреварот се заврши со дуел на пенали, каде што се истакна хрватскиот голман Адриан Шемпер (27), кој одбрани неверојатни четири од пет удари на играчите на Чезена, станувајќи херој на својот клуб. Италијанските медиуми го пофалија Шемпера, предвидувајќи му одлична сезона во Италија.