И повторно тој, Ибра за нова победа на Јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дебитираше Погба, ама пак во центарот на вниманието беше кој друг ако не „Богот на фудбалот„, мега искусниот Златан Ибрахимовиќ.

Прв натпревар на Ибра на Олд Трафорд носејќи го дресот на Јунајтед, секако заврши славно со победа на Јунајтеед против Саутемптон со 2:0, двата гола постигнати од Златан Ибрахимовиќ.

Прв пат Ибра стрелаше со глава во 36тата минута по асистенција на најплатениот фудбалер во ПЛ, Вејн Руни, тоа беше и резултатот со кој тимовите отидоа на пауза.

После седум минути игра во второто полувреме, удар од белата точка досуден за Јунајтед, а кој ќе шутира тоа не се прашува. Се разбира Ибра, прецизен, како и секогаш, за водство од 2:0 и конечен резултат.

Ова е втора победа на Јунајтед оваа сезона, а Ибрахимовиќ веќе има 3 постигнати погодоци.