Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден меч, еден гол – еден трофеј. Вака се опишува поминатото време на Ибра во Јунајтед бидејќи минатиот викенд со својот гол на Јунајтед му донесе комјунити шелд трофеј.
Во интервјуто за Скај Спорт, Ибра се изјасна дека тој не е арогантен како што многумина го нарекуваат.
„Нормален сум. Луѓето во главата имаат слика дека сум лош човек. Луѓето се радознали па јас сум им интересен. Вистина е дека сум семеен човек. Се грижам за својата фамилија, но кога ќе излезам на теренот сум вистински лав“ – вели Ибрахимовиќ во пресрет на дебито во Премиер Лигата.
„Не верувам дека сум толку арогантен колку што тие зборуваат. Самоуверен сум а тоа не значи дека сум арогантен“ – се докажа Златан.
Дебито во ПЛ ќе го има против Бурнмут, а местото во нападот е веќе резервирано за Златан.