Ибрахимовиќ би можел да го напушти Милан, но не и Серија А?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти Милан на крајот на оваа сезона.

Искусниот напаѓач на „Сан Сиро“ пристигна како слободен агент претходно и потпиша со Милан до крајот на сезоната. Ибра има опција да ја продолжи соработката за уште една година, но се чини дека тоа нема да се случи.

Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Ибрахимовиќ нема да остане во Милано поради несогласувањата со највисоките функционери на клубот. Наводно, Милан му понудил место во клубот што би значело дека треба да ја заврши кариерата ова лето.

Сепак, Ибрахимовиќ сè уште не е подготвен да ги закачи копачките на клин, и сигурно ќе го гледаме на сцената и следната сезона. Газета Дело Спорт пишува дека Ибра има намера да остане во Италија во случај да не добие нов договор во Милан.

Наводно, неколку клубови покажале интерес да го доведат Златан, а имињата сè уште не се познати. Јасно е дека не е проблем за Ибрахимовиќ да најде нов клуб, но сигурно не би му пречи да остане во Милан уште една сезона.