Ибрахимовиќ искрено говореше за МЛС лигата: Овде сум како Ферари наспроти Фиат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите напаѓачи во 21. век Златан Ибрахимовиќ даде сосем искрено интервју за ЕСПН во кое говореше за квалитетот на МЛС лигата.

Да потсетиме, Ибрхаимовиќ веќе неколку дена игра во САД за ЛА Галакси.

Оваа сезона на 16 натпревари има постигнато 13 голови и 3 асистенции што му помогна на неговиот тим да дојде до 3. место на Западот.

сепак, нтој е реален и кажува дека МЛС лигата нема ни приближен квалитет како некои европски лиги во кои играл.

„МЛС не е на европско ниво, да бидам искрен. Претходно играв со играчи кои беа на мое ниво или близу него. Тоа помага играта полесно да се поврзува. Овде сум како Ферари наспроти Фиат. А може да се случи Ферарито да стане Фиат или Фиат-от да стане Ферари“, изјави Ибрахимовиќ.

„Ист проблем имав во националниот тим, но можеби не во толкави размери. Реков дека не го прифаќам тоа. Не прифаќам ситуација кога топката не доаѓа до мене или кога доаѓа прекасно. Сакав тие да дојдат на моето ниво. Сево ова малку ме успори. Играта овде во Америка може да биде многу брза, многу подобра тактички со повеќе ритам“, заврши Ибра.