Ибрахимовиќ конечно откри каде ќе продолжи да игра?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ уште еднаш наговести дека својата кариера ќе ја продолжи во Италија.

Ибрахимовиќ неодамна наполни 38 години, но без оглед на тоа тој не размислува околу завршување на својата кариера и веќе на големо се шпекулира за тоа која ќе биде неговата наредна дестинација после САД.

Многумина веруваат дека Ибрахимовиќ ќе се врати на Сан Сиро, во Милан чиј дрес веќе имаше прилика да го носи со голем успех, а фантазијата на навивачите додатно ја „раскокотка“ последната изјава која тој ја даде за GQ Italy.

„Се гледаме наскоро во Италија. Заминувам во тимот кој што мора повторно да почне да победува, кој мора да се врати на старата стаза на славата, кој има предизвик во натпреварите против секого. Само на тој начин ќе пронајдам дополнителна мотивација повторно да ве изненадам“, изјави Ибрахимовиќ.

Последниот клуб за кој играше е ЛА Галакси.

„Многу сум среќен што имав прилика да играм во ЛА Галакси, за мене тоа беше убаво искуство, бидејќи после повредата многумина се сомневаа дали воопшто ќе можам да играм. Им покажав што можам и им докажав дека и понатаму можам да направам разлика“.

Прозборе и за работите кои недостасуваат кај американските фудбалери.

„На техничко и тактичко ниво тие сеуште треба да растат. Трчаат, но не се навикнати да играат со нозете, сите традиционални американски спортови вклучуваат користење на рацете“, истакна легендарниот шведски напаѓач.

Освен Милан, за Ибрахимовиќ во Италија се заинтересирани и Рома, Болоња и Наполи.