Ибрахимовиќ објасни како Јунајтед ќе го плати Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ се одлучи после три сезони да ги напушти редовите на ПСЖ, и кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.

После неколку недели многу шпекулации Ибрахимовиќ ја информираше јавноста дека во наредната сезона ќе го носи дресот на Црвените ѓаволи.

Со доаѓањето на Жозе Мурињо на Олд Трафорд пристигнаа неколку нови засилувања, но тоа не би требало да биде крај. Веќе долго се зборува дека францускиот репрезентативец Пол Погба ќе се врати во Јунајтед, и дека тоа ќе биде најскап трансфер во историјата на фудбалот.

За тоа дека Јунајтед нема пари за Погба свој коментар даде и Ибрахимовиќ. Нормално во свој стил.

„Слушам дека Погба за нас е прескап и секакви разни приказни. Јас тука не гледам проблем, со продажбата на моите дресови ќе се плати Погба“, рече Ибрахимовиќ.