Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ откри дека чекал цели 4 години за да му се одмазди на бившиот соиграч Марко Матераци и да го испрати во болница.
Причината за тоа бил опасниот старт на Матераци за време на дербито со Јувентус во 2006 година, кога го повредил Ибра. Потоа Швеѓанецот премина во Интер каде беа соиграчи, но не заборави.
Во 2010 година кога Ибрахимовиќ се пресели во Милан, уште во првотио дерби опасно стартуваше над Матераци и го испрати вол болница.
„Јас бев во Јувентус и игравме против Интер. Матераци ми влезе како убиец и ме повреди. Тој беше цврсто момче, и тоа е ОК. Но има два начини да бидете цврсти, еден од нив е да имате цел да го повредите противникот. Дури и Паоло Малдини беше цврст играч, но со сосема поинакви цели“.
„Тоа беше во 2006 и по прекршокот морав на момент да го напуштам теренот. Фабио Капело сакаше да ме замени, но јас сакав да продолжам. Меѓутоа, после два минути болата беше преголема и морав да излезам од игра. Потоа направив трансфер во Интер, па во Барса, па во Милан“.
„Во градското дерби во сезоната 2010/11, сите беа против мене. ОК, ова ме мотивира. Но, доколку немате контрола, тоа не е добро. Ќе го загубите разумот и ќе направите нешто глупаво. Изнудив пенал и знаете кој ме фаулираше? Матераци. 1-0 за Милан“.
„Во второто полувреме, Матрикс и јас влегуваме во дуел и го удрив со Таеквондо потег, го пратив во болница! Дејан Станковиќ ме праша, „Зошто го стори тоа?“ а јас му одговорив „Го чекав овој момент четири години. Затоа!“, раскажа Ибрахимовиќ.