Ибрахимовиќ сака да му се одмазди на Гвардиола


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе е завршено и нема сомневање дека Златан Ибрахимовиќ ќе го засили Манчестер Јунајтед.

Швеѓанецот после заминувањето од ПСЖ стана предмет на секојдневни медиумски шпекулации, но дека е скоро се завршено и дека во борбата за неговиот потпис победил Манчестер Јунајтед потврдува и изјавата која ја даде неговиот агент.

“Ибрахимовиќ сака да му се одмазди на Гвардиола, иако не живее за тоа. Изгледа дека тоа му е судбина. Има опција да премине во Англија, но нема да кажеме ништо се додека тој е со Шведска на Европското првенство”.

“Повеќе учите од поразот отколку од победата, а Ибра научи од односот со Гвардиола. Ниту јас не го сакам. Златан признава дека е добар тренер, но јас тоа не сакам да го признаам”– изјави Раиола.

Шпекулациите околу преминувањето на Ибрахимовиќ на “Олд Трафорд” дополнително ги зголеми неговиот син Максимилијан кој се сликаше во дресот на Манчестер Јунајтед.