Игор Стојчевски се повлекува од судењето: „Не сакам да страдаат моите најблиски“

Македонија млада фудбалска репрезентација
Македонија млада фудбалска репрезентација

Македонскиот интернационален фудбалски судија Игор Стојчевски објави дека се повлекува од судењето. Како причина ги наведе огромните притисоци во изминатиот период, а одлуката ја соопшти преку социјалните мрежи.

Стојчевски напиша дека веќе ги известил претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот на судиската организација и комесарот за делегирање.

„Ги информирав претседателот на ФФМ и претседателот на судиската организација, како и комесарот за делегирање дека немам намера повеќе да судам. Сакам да бидам со моето семејство во овие тешки фамилијарни времиња и не сакам да дозволам да страдаат моите најблиски со невистини и манипулации што се шират во јавноста од осудувани криминалци“, напиша Стојчевски на Фејсбук.

Во последните денови тој беше во центарот на негативните реакции во јавноста, особено по пријателскиот натпревар меѓу младинските репрезентации на Македонија и Русија, кој заврши со победа на гостите од 2-3. Голем дел од критиките се однесуваа на четирите пенали досудени на таа средба.

Повеќе за тој натпревар прочитајте во нашиот текст Македонија U21 – Русија 2-3: четири пенали и Стојчевски во центарот.

Извор: МакФудбал