„Играм за Меси, тој е фаца“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар моментално се наоѓа на подготовки со репрезентацијата пред почетокот на Олимписките игри.

Нејмар ќе доцни на подготовките со Барселона бидејќи со Бразил ќе настапува на Олимпијадата во Рио.

Бразилецот е еден од најдобрите играчи на каталонската екипа, а за бразилските медиуми зборуваше за неговиот однос со Меси.

„Имаме одлични играчи во Барселона, но упорно сите зборуваме дека не зависиме од Меси. Па нормално дека зависиме бидејќи тој е најдобар. На мене не е срамота да речам дека играм за него бидејќи тој е главна фаца на нашата екипа. Меси е најдобар на светот и се надевам дека ќе го заменам на тоа место“, рече Нејмар.

Бразилецот очекува дека од својата репрезентација да дојде до златниот медал на Олимпијадата. Сепак, Нејмар не сака да стави дополнителен притисок на својот тим, и додаде дека ќе се задоволи со било кој медал.