Игуаин подготвен да направи уште едно велепредавство!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако се верува во шпанските медиуми, иднината на Гонзало Игуаин е далеку од Торино.

Игуаин речиси сигурно ќе го напушти Јувентус во следниот преоден рок, а Дон Балон тврди дека искусен Аргентинец би можел да направи уште едно велепредавство.

32-годишниот напаѓач помина голем дел од својата кариера во Реал Мадрид и сега може да потпише за нивниот лут градски ривал, Атлетико, каде ќе го замени Диего Коста.

Јорганџиите се брзаат да најдат нов напаѓач. Во наредните денови треба да следат првите контакти меѓу двете страни. Атлетико веруваат дека можат да го комплетираат трансферот за 25 милиони евра.

Игуаин играше во Реал шест години и постигна 121 голови. Тој се пресели во Наполи во 2013. година за да потпише за Јувентус три години подоцна во трансфер вреден 90 милиони, што никогаш не му простија приврзаниците на клубот од јужна Италија.

Со доаѓањето на пандемијата на коронавирус, многу се зборуваше за трансферот во Ривер Плата, но се чини дека популарниот Пипита сè уште не кажал конечно „збогум“ на Стариот континент.