Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Големата драма се случи вчера во Задар откако беше потврдено дека Григор Димитров е заразен со коронавирус.
Димитров учествуваше на Адрија турнејата, која се играше во Задар претходните денови, но финалето на овој турнир беше откажано, откако беше потврдено дека е позитивен за Ковид-19.
Поради тоа, се појави голема паника и повеќето тенисери беа тестирани синоќа, додека Ѓоковиќ одби да го стори тоа пред да се врати во Белград. На овој турнир натпреварите ги следеа голем број гледачи кои исто така беа на музичките настани како дел од Адрија турнејата.
Димитров беше присутен и на сите овие настани, и цело време беше со Ѓоковиќ и другите тенисери. Затоа, постои голема паника, а резултатите на тенисерите кои решиле да бидат тестирани синоќа треба да бидат познати денес.
Ова е голем удар за Ѓоковиќ, кој е организатор на турнирот. Тој пред тоа доби многу критики од светот на тенисот дека не е време тенис да се игра, но Новак мислеше поинаку.
Но, откако беше потврдено дека Димитров е заразен, многумина изгледаа нестрпливи да го критикуваат Ѓоковиќ. Меѓу првите што го стори тоа беше легендарниот тенисер Енди Родик, кој саркастично кажа во еден пост за настаните во Задар „Очигледно има пандемија…“.
Obviously ? everyone will have to get tested ASAP https://t.co/kKWqmrZprl
— Brad Gilbert (@bgtennisnation) June 21, 2020