Имобиле: Се надевам дека Италија ќе го освои ЕП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Самодовербата кај репрезентацијата на Италија и тоа како порасна после фантастичните одиграни квалификации за ЕП.

Италија во својата група заврпи со максимален број на освоени бодеови со учинок од 10 победи, а како шлаг на тортата беше синоќешниот триумф против Арменија од дури 9-1.

После тој меч напаѓачот на репрезентацијата Чиро Имобиле, кој синоќа постигна два гола изрази надеж дека Аѕрите можат да го освојат ЕП наредното лето.

„Многу сум среќен, имавме фантастично патување, а навивачите ни дадоа додатен ветер во грб. Се надевам дека истото ќе го направи и на ЕП“, изјави Имобиле за Раи Спорт и додаде:

„Едвај чекаме да видиме што ќе ни биде доделено на ждребот и ќе бидеме пред ТВ екраните. Ние сме одличен тим, докажавме дека можеме да направиме одлични работи во последните два месеци и се надевам дека можеме да го освоиме ЕП наредното лето. Овој тим го заслужува тоа, му благодарам на тренерот што ми даде шанса да играм“.

Инаку, ждребот е заказан за 30. Ноември во Букурешт.