Иско го чека расплетот на ситуацијата во Милан?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот весник АС тврди дека Иско е на мета на италијанскиот Милан.

Росонерите сакаат да доведат некои сериозни засилувања и наводно офанзивецот на Реал Мадрид е една од желбите во Милан.

Влијателниот АС пишува дека 24-годишниот сфатил дека нема да има многу простор за игра кај Зинедин Зидан, па за цел има да најде клуб каде што редовно ќе игра.

Покрај Милан, за Иско се интересираат и бројни премиерлигаши, а доаѓањето на Иско во Милан зависи од многу работи, како и тоа дали клубот ќе го продаде Карлос Бака.

На крајот на краевите, треба да се има на ум дека Милан допрва припадна на нови сопственици.