Италија “лудува” по Полјакот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку италијански клубови го сакаат Пјотр Зјелински, пишува “Скај Спорт Италија”.

Од “Фриули” потврдија интересот. Зјелински минатата сезона ја помина на позајмица во Емполи и го сврте вниманието на големите клубови, пред се на Милан и Наоли. Англиските медиуми го доведуваа и во врска со Ливерпул.
Како што сега стојат работите Милан најконкретен.

“Не можам да кажам ништо повеќе освен дека неколку клубови покажаа интерес за Зјелински. Милан за сега е најконретен”- изјави спортскиот директор на Удинезе.

Зјелински е голема желба на новиот тренер на Милан, Виченцо Монтела, а Адријано Галијани интезивно работи на тоа да му го доведе на “Сан Сиро”. Реномираниот новинар Џанлука Ди Марцио пренесува дека сумата на овој трансфер би можела да изнесува околу 13 милиони евра.