Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спуштена е завесата за уште една сезона во СЕХА-лигата, а нов шампион е унгарски Веспрем.
Минатиот викенд се одигра завршниот турнир од СЕХА-лигата, а во финалето силите ги одмерија Веспрем и Вардар.
Унгарскиот тим ја оправда улогата на фаворит и го совлада Вардар во финалето со резултат 35:27.
Голманот на унгарскиот тим, Родриго Коралес е прогласен за МВП на завршниот турнир, и тој беше вклучен во идеалниот тим.
Покрај него, во најдобриот тим на последниот турнир беа избрани Давид Мандиќ (Загреб), Гаспер Маргуч (Веспрем), Александар Шкурински (Мешков Брест), Ловро Јотиќ (Вардар), Хорхе Македа (Веспрем) и Андреас Нилсон (Веспрем).
За најдобар дефанзивец беше прогласен Блаж Благотиншек (Веспрем).