Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Шинџи Кагава ќе ја продолжи кариерата во Шпанија.
Искусниот јапонски фудбалер стана нов член на Сарагоса и тоа сигурно ќе биде големо засилување за овој шпански тим.
Кагава (30) зад себе има навистина добра кариера. Тој најдобрa игра покажа во Борусија Дортмунд, каде играше од 2010 до 2012 година, а потоа и од 2014 година до оваа сезона.
Последната полусезона ја мина во Бешикташ, имаше неколку навистина одлични натпревари, а треба да се напомене дека беше и во Манчестер Јунајтед две сезони.
Сега за 30-годишниот офанзивен играч од средниот ред, време е да замине.
Сарагоса е сега неговиот нов дом, а секако се очекуваат големи работи од него.
Кагава е исто така стандарден играч на репрезентацијата на Јапонија, кој одигра 95 натпревари за оваа селекција и постигна 31 гол.