Изводот од матичната книга на родените ја реши дилемата – Ренато Санчез е роден пред 18 години и 326 дена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој млад Португалец утре ќе има шанса да стане најмлад учесник во финале на ЕП и ќе го руши досегашниот рекорд на Кристијано Роналдо кој во 2004-та година во финалето против Грција имаше 19 години и 150 дена.

Изгледа дека е ставена точка на сите дилеми околу годините на Ренато Санчез. Дарио Де Нотисијас ги соопшти податоците од изводот од матичната книга на родените  на новото засилување на Баерн и најверојатно стави точка на сите шпекулации. Во него стои дека Санчез е роден на 18-ти август 1997-ма година во 15:25 и дека беше тежок 2.56 килограми, а името го добил по својот татко. Тоа значи дека фудбалерот за врска денес има 18 години и 326 дена.