Јан Облак синоќа постави рекорд кој тешко ќе биде соборен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јан Облак стана голман на кој му беа потребни најмалку одиграни натпревари за да ја задржи својата мрежа недопрена на сто натпревари.

Тој го сруши тој рекорд синоќа во натпреварот на Атлетико Мадрид против Осасуна, во кој неговиот тим славеше со 5:0.

За него тоа беа 182 натпревари во Ла Лига, а тој успеа да ја задржи својата мрежа недопрена по стоти пат, што е фасцинантен податок.

Рекордот пред него го имаше Мигел Реина, на кој му беа потребни 222 натпревари одиграни за ова, а досега на второто место беше Виктор Валдес, на кого му беа потребни 227 натпревари.

Овие бројки покажуваат дека Облак го одбранил својот гол во дури 55% од натпреварите во Ла Лига, што е далеку подобро од скоро сите голмани досега во Ла Лига.

Андони Зубизарета имаше процент од 37,38, Пако Бујо ја чувал мрежата недопрена 213 пати, но одигра 542 натпревари.