Јовиќ заминува во Англија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Јовиќ би можел да ја продолжи кариерата во Арсенал.

Барем тоа го пренесуваат англиските медиуми. Микел Артета сака напаѓач, а тој не ужива посебна репутација во Реал. Тој сепак не е скап и може да ја смени средината до лето.

Следното лето истекува договорот со Арсенал на Обамејанг и Артета бара вистинска замена во Јовиќ.

Реал плати дури 60 милиони евра за Јовиќ, а тој забележа 24 настапи и додаде два гола и две асистенции.

Арсенал, наводно, е подготвен да издвои 50 милиони евра, што сигурно ќе им угоди на „кралевите“.

Јовиќ се поврзува и со некои клубови во Италија.