Јунајтед го доведе второто засилување

Хенрик Миктаријан ќе се пресели од Дортмунд во Јунајтед за 32 милиони евра, соопшти Скај.

Според англискиот портал, Ерменецот се договорил за личните услови со клубот од Олд Трафорд, а медицинските прегледи ќе треба да ги помине следната недела.

Борусија мораше да го продаде Миктаријан бидејќи тој одби да го продолжи договорот.

Во Борусија стигна во 2013-та година од Шахтјор, а претходно играше за Металург, Пјуник и Ереван.