Јунајтед ја спреми понудата за Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед сака да го доведе Пол Погба во своите редови.

Францускиот весник “Л’Eкип” тврди дека наредната недела Манчестер Јунајтедќ е испрати официјална понуда за францускиот фудбалер и дека тој е главна желба на новиот менаџер, Жозе Мурињо.

Погба од 2009 до 2012 година го носеше дресот на Јунајтед. Меѓутоа тогашниот менаџер, Алекс Фергусон не му даде вистинска шанса, па Погба одлучи да замине.

Јувентус го доведе и не погреши. Французинот во овој момент е еден од најдобрите фудбалери во светот. Сега англискиот клуб го сака назат. Понудата наводно веќе е спремна, но не се единствени и шпанскиот гигант Реал Мадрид веќе подолго време се поврзува со овој фудбалер.

Наводно и двата клуба се спремни да го срушат светскиот рекорд, а се споменува бројка од 120 милиони евра.