Јунајтед веќе најде замена во случај ако Де Геа си замине


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок многу лесно може да остане без долгогодишниот голман од првиот состав на тимот, Давид Де Геа.

Фантастичниот шпански чувар на мрежата го одби продолжувањето на соработката со Црвените Ѓаволи, и се повеќе се шпекулира дека тој би можел кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

Јунајтед е спремен да го продаде Де Геа, а доказ за тоа е фактот дека веќе почнаа да барат нов чувар на мрежата кој покрај Серхио Ромеро би се борел за дресот со број 1 во наредната сезона.

Англискиот новинар Данкан Каслс тврди дека изборот на Јунајтед е голманот на Ајакс, Андреа Онана и дека понудата веќе пристигнала на адресата на тимот од Амстердам.

Сега се чека одлуката. Онана позади себе има фантастична сезона во Ајакс, па покрај Јунајтед порано се поврзуваше и со потпис во Барселона.

Тимот на Ајакс веќе одамна е спремен за опростување. Се соочија со губење на половина тим, па нема да биде никакво изненадување ако на крајот го изгубат и првиот голман.

Меѓутоа, конечната одлука ќе ја донесе 23 годишниот голман од Камерун. Ако одлучи да замине, Ајакс нема да му застане на патот и ќе го дозволи трансферот.

Холандскиот првак ако во случај остане без Онана, би требало да го доведе голманот Лил Маигнан, а интересно е дека истиот новинар тврди дека Јунајтед е заинтересиран и за овој чувар на мрежата.

Секако дека ќе биде многу интересно да видиме дали Де Геа навистина ќе си отиде и кој ќе го замени во тој случај помеѓу стативите на Црвените Ѓаволи.