Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не чудно, не успее пред неколку години, но и сега мисијата е тешка…
Во италијанските медиуми се шпекулираше уште пред да биде потврдено врќањето на Мората во Реал. Имено, Јувентус го сака Алексис Санчез, оваа вест ја потврди познатиот новинари Ди Марцио.
Кога “Чудесното момче” настапуваше за Удинезе, договорот беше блиску, но се појави Барса со понуда на која италијанскиот клуб не можеше да и парира во тоа време.
Сега имаат пари, го сакаат Чилеанецот, кој никогаш не ја криел желбата да се врати во Италија.
Сепак, се прашува и Арсенал и навистина е тешко да се верува дека Венгер би можел да се откаже од услугите на својот напаѓач.
Кога во прашање се останатите, Лукаку е прескап, покрај тоа во Јувентус не се сигурни дека тој е решение.
Постои наводно листа, а на неа е и Кавани кој е нереална мета и ПСЖ не сака да го пушти. Остануваат Пољакот Милик со кој веќе разговараа во април, кога стануваше јасно дека Мората нема да остане, Геце кој не е класичен напаѓач, како и едно изненадување, Чиро Имобиле кој израсна во клубот, но никогаш не доби вистинска шанса.