Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Миралем Пјаниќ ова лето стана нов фудбалер на Јувентус.
Босанецот стигна од Рома која заработи 32 милиони евра.
Легендарниот фудбалер на Старата Дама, Лука Тони мисли дека бјанконерите со Пјаниќ ќе бидат клуб од друга планета.
„Да доведеш фудбалери како Пјаниќ и Алвеш значи дека ќе бидеш клуб од друга планета. Никој нема да им може ништо следната сезона“, изјави Тони.
„Дури и да го продадат Погба за 120 милиони евра сите квалитетни фудбалери сакаат да играат во Италија бидејќи Јувентус може да ја освои ЛШ“, заклучи Тони.
Тони играше во Јувентус една сезона и постигна 2 погодоци на 14 натпревари.