Јувентус понуди 16 милиони, ќе прифати ли Баерн?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус и Баерн се во сосема добри односи, сега “Старата дама” сака да купува во Минхен.

Минатата година од Јувентус во Баерн преминаа Кингсли Коман и Артуро Видал, а ова лето овие два европски гиганти повторно би можеле да соработуваат.

Наводно, италијанците се сериозно заинтересирани за Мехди Бенатија кој после доаѓањето на клубот сигурно ќе го напушти клубот.

Баерн сака да го продаде, но не по секоја цена.

Јувентус ја испрати првата понуда од 16 милиони евра, а на Бенатиа му е понуден договор на четири години според кој би заработувал 3.6 милиони евра.

Бенатиа има договор со Баерн до 2019 година, но покрај тоа тој изрази желба да го напушти клубот.

Иначе Баерн за него плати 26 милиони евра на Рома пред две години.