Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Фудбалерот на Јувентус Симоне Падоин од денеска го напушти Торино.
Овој 32-годишник кариерата ќе ја продолжи во Каљари, со кој потпиша тригодишен договор. Интересно, Каљари на Јувентус плати оштета во износ од само 600 000 евра, што е веројатно рекордна ниска оштета која италијанскиот шампион ја заработи во новата историја.
Симоне Падион во Јувентус дојде пред пет години и освои пет шампионски титули, а во црно-белиот дрес вкупно одигра 84 натпревари со три постигнати голови.