Јувентус спреми 40 милиони евра за Португалец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Адутот на Јувентус би можел да биде и причината дека тој клуб следната сезона ќе игра во ЛШ, а Валенсија не се избори за европските натпреварувања.

Раководството на Јувентус дефинитивно е спремно да го продаде Пол Погба на Реал Мадрид, а сериозно се размислува кој би можел да го замени Французинот во средниот ред. Изборот падна според Газета Дело Спорт на Андре Гомеш од Валенсија.

Бепе Марота наводно е спремен да понуди 40 милиони евра за Португалецот.

Италијанските медиуми соопштија дека двата клуба се сретнале во Лион, а првата понуда на Јувентус била 30 милиони евра. Валенсија на стартот барала дупло повеќе, а Старата дама е спремна со зголемена цифра и одредени проценти во иднина да ги задоволи лилјаците.

Гомеш прво во Валенсија стигна на позајмица од Бенфика, а потоа шпанскиот клуб го откупи за 15 милиони евра.

Шампионот на Италија во овој преоден рок ги има донесено Дани Алвеш од Барселона и Миралем Пјаниќ од Рома.