Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Екипата на Јувентус е одлучна во својата намера да го засили тимот ова лето.
Откако го комплетираа трансферот на Миралем Пјаниќ, сега од италијанскиот клуб сакаат да тргнат по фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан.
Дармијан од поодамна е желба на “Старата дама”, но за сега Манчестер Јунајтед не сакаше да го пушти својот фудбалер.
Сепак, англиските медиуми наведуваат дека новиот тренер на “Црвените ѓаволи”, има намера да го задржи Дармијан, но можеби би размислил во случај на адекватна понуда.
Дармијан има договор со Јунајтед до летото 2019 година.