Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку дена, се појави видеото од ММА ѕвездата Конор Мек Грегор како удира повозрасен маж во паб во Даблин.
Гореспоменатиот инцидент се случи на 6 април во пабот “The Marble Arch “, по несогласување околу виски.
Ирски борец ММА беше вознемирен од реакцијата на еден постар човек, кој одби да се напие пијалокот што му го сипал Мек Грегор. Набргу потоа, Мек Грегор го удри човекот во време кога не го очекуваше тоа.
Арогантната и насилна постапка на поранешниот шампион во УФЦ наиде на осуда, а се огласи и неговиот најголем ривал и човекот кој му нанесе еден од најлошите порази на неговата кариера, Кабиб Нурмагомедов.
Нурмагомедов зборуваше кратко за ТМЗ Спорт и рече дека Ирецот треба да заврши зад решетки поради неговита постапка.
“Тоа е многу, многу лоша работа … Дури и ако еден стар човек како тој ве удри во лицето 10 пати, не смеете да го удрите во глава. Не може. Тоа е невозможно”, изјави Нурмагомедов и продолжи:
„Треба да ги почитувате постарите луѓе, јас не го разбирам ова. Еден навивач ми испрати порака во која пишуваше: Се сеќавате ли кога се обиде вас да ви даде виски, алкохол, а вие не го зедовте? Зошто не ве удри? Но, сега го прави тоа на постари луѓе? ‘ Јас не го разбирам ова “.
“Луѓето како него треба да одат во затвор. Според мое мислење, тој мора да види малку затвор, затоа што таму може да размисли за некои работи. Што сте направиле и зошто сте тука. Тој треба да размисли за ова … Не сакам да му кажм ништо, само се прашувам каде се ирските власти? Тој денес удри постар човек, што ќе се случи утре? Никој не знае “, рече Нурмагомедов.
Дали Мек Грегор навистина ќе биде санкциониран и дали ирските власти ќе го „послушаат“ Хабиб, останува да се види.