Кабиб ја откажа борбата, а Фергусон е бесен: Тој избега, п ***а!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нема да има тепачки меѓу Кабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон за лесна категорија на УФЦ.

Вчера, Дагестанецот објави дека нема да има борба поради пандемијата на коронавирус и дека тој останува дома.

Тони Фергусон, секако, е налутен по ваквата одлука за борбата за шампион во лесна категорија.

„Јас сум вознемирен“, беше првата реакција на Фергусон на ЕСПН, а потоа продолжи и за Кабиб.

“Можеше да остане тука. Тој беше во Абу Даби. Имаше шанса да се врати пред да се затворат границите во Русија. Сепак, тој одлучи да оди во Дагестан и да не го заврши кампот. Ликот не сака да се бори, се плаши. Треба да му се одземе појасот “, истакна Фергусон.

„Тој го стори истото пред УФЦ 209. Тој беше со семејството, знаеше дека не ги симна килограмите. Ова е бегство. Кабиб е п***а. Му реков дека ќе го избришам подот со него, момчето испари “, додава Тони.

Сè уште не е познато дали Тони Фергусон ќе добие противник за УФЦ 249, а интересно е што ова е петти пат кога борбата против Кабиб не успеа.