Кабиб најавува дека се враќа подобар од било кога


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Кабиб Нурмагомедов не го одбрани УФЦ појасот во лесна категорија против Тони Фергусон.

Нивниот натпревар закажан за 18. април го спречи коронавирусот, при што УФЦ го замени Џастин Гаети во мечот за титула кој е премесет на 9. мај.

Враќањето на Кабиб во октагонот е закажано за август или септември. Кабиб треба да се бори со победникот на натпреварот Фергусон – Гаети, а судејќи според тоа што го најави, тој ќе биде поспремен од кога и да било.

„Тренинг кампот што го направив е најдобриот што сум го имал досега. Одамна не се чувствувам толку добро спремен, но јас сум подготвен да се вратам уште подобар“, рече Хабиб.

Дагестанскиот борец во кариерата има резултат 28-0 и досега никој не можел да го победи.

Сепак, многумина тврдат дека Фергусон и Гаети имаат најголеми шанси, но остануваме да видиме.